Полска е домаќин на Севсткото првенство за јуниори

147

Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) го потврди домаќинот на овогодинешното Светско првенство во бокс за јуниори и јуниорки, Полска.

Настанот требаше да се одржи во ноември 2020 година, но беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Новиот претседател на АИБА, Умар Кремлов, ги потврди новите датуми за настанот што ќе се одржи од 10 до 24 април во полскиот град Кјелце.

Учесниците на шампионатот ќе мора да покажат негативен Ковид-тест. Сите боксери родени од 1 јануари 2002 година до 31 декември 2003 година имаат право на учество.

Последниот Мундијал за јуниори се одржа во 2018 година во Будимпешта, Унгарија.