Поливина од жителите на Токио не сакаат да се одржи Олмпијадата во 2021 година

41

Повеќе од педесет проценти од жителите на јапонската престолнина Токио се против одржување на Летните олимписки игри наредната година и поддржуваат и понатамошно нивно одложување или потполно откажување поради пандемијата од коронавирусот.

Анкетата на јапонски новински агенции е направена веднаш откако здравствените работници предупредија дека дури и едногодишно о

дложување може да не биде доволно игрите да бидат „сигурни“.

Анкетата покажала дека 51.7 отсто од испитаниците не сакаат одржување на игрите, а 46.3 отсто сакаат следната година да има ЛОИ во Токио. Меѓу тие кои се против игрите 27.7 отсто смета дека треба целосно да бидат откажани, додека 24 отсто се за уште едно нивно одложување.