Политичар сака да го исфрли Кимпембе од репрезентацијата на Франција оти „лајкнал“ објава на Хабиб

144

Францускиот политичар Џордан Бардела инсистира дека играчот на Париз Сен Жермен, Пресенел Кимпембе, треба да биде исфрлен од француската фудбалска репрезентација затоа што му „лајкнал“ пост на Хабиб Нурмагомедов против францускиот претседател Емануел Макрон.

Бардела го обвини освојувачот на светскиот куп за „поддршка на џихадизам“ и „сметање на другите за будали“ откако фудбалерот се извини што не разбрал за што станува збор за објавата на Хабиб затоа што не знаел руски јазик.

„Ниту една репрезентација за Кимпембе се додека го поддржува џихадизмот на Инстаграм и не сака да преземе одговорност, сметајќи нè будали“.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија влезе во скандалозната вест откако плукна по францускиот претседател среде скандалот во Франција околу религијата и слободата на говорот. Сатиричното издание „Шарли ебдо“ објави неколку карикатури на исламскиот пророк Мухамед, со што се појави огромен бран на незадоволство кај муслиманите ширум светот.

Хабиб ја сподели својата одвратност со францускиот претседател со прилично провокативна објава – токму онаа што му се допадна на фудбалерот.

Кимпембе е само еден од многуте француски фудбалери кои ја „лајкнале“ пораката на Нурмагомедов. Карим Бензема, Тиму Бакајоко, Рикардо Фати и Мамаду Сако, како и Миралем Пјаниќ од Барселона и поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам.