По скандалозното видео за тепање на жени на Били Џо Сандерс му е одземена лиценцата (ВИДЕО)

128

Били Џо Сандерс доби забрана за бокс настапи, откако се појави видео во кое тој покажува како се удираат жени за време на карантин.

Шампионот на ВБО во суперсредна категорија е информиран дека му е одземена лиценцата на неодредено време.

30-годишниот боксер ги згрози сите со видеото во кое демонстрира десен директ и леви кроше и  притоа вели:

„Сакав да направам видео за сите татковци и сопружници ако имате сопруги или девојки.

Изгледа дека Ковид-19 сериозно ќе нè изолира дома.

Значи, ако на вашата сопруга многу и знае устата, прво обидете се да бидете трпеливи, потоа спокојни, но по шестиот ден само ќе експлодирате.

Одеднаш таа доаѓа и почнува да ви плука отров во лицето, подготвена да каже нешто – можеби сте ги заборавиле садовите или кој знае што, но сте ја налутиле со нешто.

И таа доаѓа и таман се подготвува да каже нешто – тогаш ќе експлодирате и ја удирате во брадичката“.

Видеото продолжува со објаснувањта на Сандерс како се довршува женатта додека е зашеметена од првиот удар – со брутално лево кроше.

Видеото на Сандерс вознемири многу луѓе во Англија, потоа боксерот се извини, но тоа во никој случај не го избриша срамот.

Неговиот менаџер, Еди Херн, изјави дека постапката е целосно идиотска и дека тој е шокиран.