По две години пауза џудистите на Сеишин, Санкаку и Прилеп имаа заедничко полагање

490

Вчера во Прилеп во техничка организација на ЏК Сеишин се одржа полагање за ученички кју појаси. Сепак, оваа вест е и нетерсна бидејќи на полагањето учестуваа џудисти од три прилепски клубови: Сеишин, Санкаку и Прилеп со вкупно 40 џудисти.

Соработката меѓу клубовите е основата за напредок и успех, бидејќи така се стекнуваат нови искуства на техничко-тактички и психо-физички план, а дружбата е духот на заедништвото и тимското делување.

„Полагањето се одвиваше согласно новиот правилник за полагање ученички појаси-степени почнувајќи од 8 кју бело-жолт до 2 кју – син појас. Истото беше спроведено од тричлена мешовита комисија од наведените клубови, додека за регуларноста беше задолжен претставникот од Џудо Федерацијата, воедно и Претседател на Дан комисијата, Ѓуро Илиќ 6 дан. Техничкиот организатор, комисијата и претставникот од Федерацијата беа задоволни од прикажаното особено што прилепските клубови спеоведуваат испит за полагање по скоро две години пауза. Полагањето се одвиваше согласно протоколите за заштита од Ковид-19“, истакнуваат организаторите на полагањето.