По 13 години: Големиот Теди Ринер загуби на Националното првенство на Франција

154

Време беше! Најуспешниот џудист на светот Теди Ринер загуби за прв пат по скоро 13 години на Националното првенство на Франција.

Двократниот олимписки шампион беше елиминиран во четвртфиналето.

Храбриот човек кој успеа да го запре големиот Теди во неговата родна земја е 25-годишниот Јосеф Терхец. Ринер загуби по третата казна. Ова е сосема неочекувано, бидејќи легендарниот борец треба да ја предвиди својата борба по двете опомени/ казни .

Треба да се кажат добри зборови за Терхец, кој со настапот ги провоцираше грешките на славниот ривал.

Двајцата спортисти беа санкционирани по само 48 секунди на татамито.

Ринер ја доби втората казна по 1:36 минути за недозволено излегување од татамито. По три минути двајцата повторно беа казнети и изненадувањето стана факт.

По борбата, Ринер имаше претензии кон судијата. Веројатно на сто ова кумуваше и долгата пауза по пандемијата.