Патрицио Фреир го срамни со земјата Снуп Дог

133

Патрицио Фреир е лут на рап ѕвездата Снуп Дог. Снуп објави видео на социјалните мрежи во кое го поддржува Еј Џеј Меки. Викендов Фреир ќе се бори со Меки во главната битка на Белатор 263 во Калифорнија.

Тие ќе ги одмерат силите во финалната борба на турнирот во перо категорија. Победникот ќе заработи еден милион долари и ќе стане неприкосновен шампион. Снуп рече дека силно ќе го поддржи својот внук и го повика да си ја заврши работата и да ја нокаутира бразилската легенда.

Патрисио не беше задоволен од овој повик на рап легендата.

„Снуп, јас не сум питбул рапер, јас сум питбул легенда. Снуп Дог вели дека неговиот „внук“ ќе ме нокаутира.

Снуп Дог треба да стави ракавици и да се бори со некого, а ако го удари, тогаш ова ќе биде неговата прва победа по 50 години“, му порача Фреир.