Пакијао прифати борба со Мек Грегор, заработката за погодените од коронавирусот

93

По највата на Конор Мек Грегор за борба со Мани Пакијао, од  таборот на филипинскиот боксер исто така потврдија дека постои желба да се одржи овој дуел. Конор Мек Грегор на Твитер во петокот објави пост, велејќи дека неговиот следен противник ќе биде Мени Пакијао и дека ќе боксира со него некаде на Блискиот Исток. Од таборот на филипинскиот борец потврдуваат дека овие двајца борци ќе влезат во рингот.

„Преговорите започнуваат меѓу двата табора и двајцата борци се подготвуваат за епска борба “, рече помошникот на Пакијао, Џеки Џонсон.

Тој додаде дека голем дел од заработката ќе оди за оние Филипинци кои се погодени од коронавирусот.

Пакијао е единствениот боксер во историјата кој има светски титули во осум различни категории, а последната борба ја имаше летото 2019 година, кога го победи Кит Турман. Стана најстариот шампион во лесна категорија.