6.8 C
Skopje
25/09/2021 | 03:11
Почетна ММА Меѓународна сцена Пајиќ од болница: Може да ми го скршат носот, не и насмевката...

Пајиќ од болница: Може да ми го скршат носот, не и насмевката (ВИДЕО)

209

Јулија Пајиќ, црногорската ММА воинка на ПФЛ го претрпе првиот пораз во професионалната кариера по трите победи. По само 51 секунда, Лариса Пачеко ја совлада со технички нокаут.

Пајиќ стана голема ММА sвезда за само неколку години поради агресивниот стил на борба и атрактивниот изглед. Таа е посебна по тоа што успеала да победи маж во еден натпревар. Станува збор за Германецот Стефан Шолц, но таа борба не е вклучена во нејзиниот професионален рекорд, имајќи предвид дека натпреварите помеѓу припадници од различен пол, можат да се сметаат само за егзибиција. Сепак, Пајиќ ја покажала својата впечатлива сила во таа борба, а Шолц се предаде во втората рунда по серијата удари по телото.