Отпуштен од болница Федор Емилијаненко

151

Легендарниот руски ММА борец во тешка категорија, Федор Емелијаненко, кој минатата недела беше примен во болница со инфекција од коронавирус, е отпуштен и ќе го продолжи лекувањето дома. „Последниот император“ беше добро и ја напушти болницата откако лекарите забележаа стабилно подобрување во третманот на болеста.

Емелијаненко беше хоспитализиран во московска болница специјализирана за лекување на пациенти со коронавирус. Федор со симптоми на ковид-19 развил и двострана пневмонија. Лекарите се справија со ситуацијата и ја стабилизираа состојбата на легендата.

Федор Емелијаненко (44) последен пат се бореше во декември 2019 година, нокаутирајќи го поранешниот шампион на УФЦ, Квинтон Џексон во првата рунда.

Се претпоставува дека Русинот следната битка може да ја одржи летово во Москва.