Отман Азајтар го нокаутира Хама Ворти во првата рунда

60

Отман Азајтар уште еднаш воодушеви со својот настап во најголемата ММА организација. 30-годишниот Мароканец се сретна со Хама Ворти во главната борба на УФЦ Вегас 10 во лесна категорија и заврши во првата рунда. Азајтар не му даде шанса на Ворти и го здроби со удари.

Отман го повреди Ворти и влегоа во клинч, при што Мароканецот продолжи да му задава тешки удари на Хама, испраќајќи го на партер. Азајтар го следеше и забележа силен граунд и паунд, а судијата ја прекина борбата која траеше една минута и 33 секунди.

Со оваа победа Азајтар остана непоразен во ММА и сега скорот му е 13-0. Отман заврши 12 од неговите битки. Хама ја прекина серијата од седум последователни победи.

Резултати на УФЦ Вегас 10:
Мишел Вотерсон – Анџела Хил поделена одлука (47–48, 49–46, 48–47)
Отман Азаитар – Хама ТКО (Р1, 1:33)
Роксана Модафери – Андреа Ли едногласна одлука (29-28 x3)
Ед Херман – Мајк Родригез завршница (кимура) (Р3, 2:41)
Боби Грин – Алан Патрик едногласна одлука (30-27 x3)
Били Кварантино – Кајл Нелсон ТКО (Р3, 0:07)

Воведни борби:
Сијара Јубенкс – Хулија Авила едногласна одлука (29-27 x3)
Кевин Крум – Рузвелт Робертс завршница (гилотина) (Р1, 0:31)
Александар Романов – Рок Мартинез завршница (рачен триаголник) (Р2, 4:22)
Џалин Тарнер – Брок Вивер завршница (давење од позади ДОП) (Р2, 4:20)
Брајан Барберена – Ентони Ајви едногласна одлука (30-27 x2, 29-28)
Сабина Мазо – Џастин Киш завршница (ДОП) (Р3, 3:57)