Ортиз за Џошуа: Кукавица

222

Кубанскиот боксер Луис Ортиз му скокна на светскиот шампион Ентони Џошоуа кој на 12 декември ќе се сретнеи со Кубрат Пулев.

Кубанецот објави дека сè уште немал шанса да се избори за титулата, бидејќи Џошуа се плаши од потенцијална битка меѓу нив.

„Планирам да бидам истата личност што бев порано – се стремам кон уништување. Мојата цел не е променета – сакам да станам светски шампион во тешка категорија. Не ми е гајле со кого треба да се соочам или каде треба да одам за да стигнам таму“, рече Ортиз.

„Следната година сакам да бидам на исто ниво со другите елитни борци во тешка категорија, мислам дека го заслужувам тоа. Ентони Џошуа е кукавица, се плаши да се бори со мене. Ако имав можност да одам на рингот против Тајсон Фјури, ќе знаев што да направам“, категоричен е Кубанецот.

„Што се однесува до Вајлдер, јас го победив прв пат, но направив грешка – не ја држев левата рака горе, па направив удар“, заклучи тој.