Ортега му одржа лекција на Корејското зомби и го предизвика Волкановски (ВИДЕО)

69

Брајан Ортега се врати во октагонот на импресивен начин. Американецот забележа доминантна победа над Чен Сун Јунг во главната бorbа на УФЦ Фајт иајленд 6 настанот што заврши во раните утрински часови денес на островот Јас во Абу Даби.

Ортега ја доби битката со едногласна одлука (50-45). Тој беше подобар во скоро секоја стенд-ап размена и ја забележа првата победа по поразот од Макс Холовеј во шампионкси меч пред две години. Црниот појас во БЏЏ вешто ја искористи дистанцата и со добри боксерски комбинации постигнуваше поен по поен.

„Корејското зомби“ виде дека ја губи битката па почна поагресивно да напаѓа, што доведе до аперкат во ви лицето на Ортега, кој го здрма. И покрај моментот на Зомбито, Ортега ја врати контролата на мечот со совршен ротирачки лакт, што го испрати неговиот противник во нокдаун. На патер следеше сериозен граунд и паунд, а корејскиот борец преживеа.

Одличните удирачи вештини ја задржаа доминацијата на Ортега до крајот на петата рунда, а на крајот на мечот го предизвика шампионот во категоријата Александар Волкановски и изрази задоволство што покажа подобрена верзија од себе.

Неделата пред борбата меѓу Корејското зомби и Ортега, претседателот на УФЦ, Дана Вајт беше категоричен дека победникот на овој меч ќе го заслужи местото на предизвикувач во категоријата до 66 кг.

https://www.instagram.com/p/CGd4oLxJtZT/?utm_source=ig_embed

УФЦ Фајт ајленд 180 – Резултати
Брајан Ортега – Чан Сунг Јунг – едногласна одлука
Џесика Андраде – Катлин Чокагијан – ТКО (Р1 4:57)
Џими Крут – Модестас Букаускас – КО (Р1 2:01)
Џејмс Краузе – Клаудио Силва – едногласна одлука
Џонатан Мартинез – Томас Алмеида – едногласна одлука

Гурам Кутателадѕе – Матеуш Гамрот – поделена одлука на судиите
Illилијан Робертсон деф. Полиана Ботеhoо – едногласна одлука на судиите
Џун Јонг Парк- Џон Филипс – едногласна одлука на судиите
Фарес Зиам – Џејми Муларки – едногласна одлука на судиите
Максим Гришин – Гаџимурад Антигулов – ТКО (Р2 4:58)
Саид Нурмагомедов – Марк Стригл – КО (Р1 0:51)