Омар Факиќ ја доби првата борба на Светското самбо првенство за јуниори

945

Омар Факиќ извојува победа во првото коло на Севтското првенство за помлади јуниори и јуниори во Солун, Грција, против Грузиецот Гиорги Чагилешвили во јуниорска конкуренција до 98 килограми.

За жал, Факиќ не може да ги продолжи борбите, затоа што му обнови старата повреда, односно пред шест месеци лигаментот му беше опериран.

Од нашиот табор се уверени дека Факиќ ќе го минеше и Литванецот Лиутаурас Гусаускас и ќе обезбедше полуфинале.

Нашата репрезентацијата на СП настапува со тројца натпреварувачи. Во помлади јуниори не претставуваат Стефан Станоев до 88кг и Ернес Реџиќ +100 кг, а во јуниори Омар Факиќ -98 кг.