Оливеира до УФЦ: Дајте ми борба со Пориер за слободната титула

221

Чарлс Оливеира не престанува да бара борба за титулата во лесна категорија. 31-годишниот Бразилец на социјалните мрежи го повикува УФЦ да му даде шанса за појасот против Дастин Порие. Се чини дека Хабиб Нурмагомедов ќе се откаже од титулата откако објави дека се повлекува од ММА. Оливеира тврди дека Хабиб се заколнал на гробот на неговиот татко дека никогаш повеќе нема да се бори.

Дана Вајт наскоро ќе мора да ја одземе титулата на „Орелот“, а Оливеира не гледа кој може да го замени во трката за шампионската титула. Вајт планира да му даде шанса на Мајкл Чендлер, но Пориер не сака да се бори со него, бидејќи не се докажал и има само една победа во УФЦ.

Чарлс е во серија од 8 последователни победи и доаѓа по големиот успех над Фергусон. Од гледна точка на спортот и логиката, битката за титулата мора да се води меѓу Пориер и Оливеира. Сепак, нејасно е што ќе одлучи УФЦ.

„Дана Вајт, ова е време. Пориер и јас сме подготвени, а титулата е испразнета. Организирајте ја нашата битка. Ова е борбата. Сакам да се борам со Дастин Пориер. Сите го сакаат тоа“, напиша Оливеира на својот профил.

.