Томас Бах доби уште еден претседателски мандат во Меѓународниот олимписки комитет

124

Меѓународниот олимписки комитет уште четири години ќе биде предводен од Томас Бах.

Тоа е официјалниот резултат на денешното онлајн гласање во изборот за предводник на олимпиското движење, при што Бах немал противкандидат.

Бах ја презема функцијата во 2013 година, а по првиот осумгодишен мандат, сега има право на уште четири години, во кои ќе биде на чело на Меѓународниот олимписки комитет.

Новиот мандат започнува по ОИ во Токио и ќе биде последен за него, а на денешното гласање добил 93 од 94 гласови на делегатите.

Германецот е адвокат по професија, а има освоено златен олимписки медал во мечување на Олимпијадата во Монтреал во 1976 година.

Фото: МОК