Официјално Мек Грегор и Пориер договорија спектакуларен реванш

43

Десет дена откако Дастин Пориер потпиша договор за меч со Конор Мек Грегор, поранешниот шампион на УФЦ во две категории исто така го парафираше договорот.

Ова беше најавено на официјалниот профил на Твитер – На Mеc лајф, чиј основач е Ирецот.

„Вонредно: Конор Мек Грегор потпиша договор за реванш со Дастин Пориер на 23 јануари“, се вели во соопштението.

Тие ќе се борат на главниот настан на УФЦ 257 на Борбениот остров на УФЦ во Абу Даби.