Официјален трејлер за Мек Гргеор-Пориер 3, Ален Амедовски настапува на овој настан (ВИДЕО)

140

На 10 јули ќе бидеме сведоци на 3-та борба меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер на УФЦ 264 во Лас Вегас. Ќе биде дозволено присуство на навивачи во салата, а билетите беа распродадени за неколку секунди.

Третата битка меѓу двајцата поранешни шампиони е во лесна категорија. На почетокот на оваа година Пориер го нокаутира Мек Грегор во втората рунда од нивната пресмета во Абу Даби. Тоа беше прв пораз со нокаут за Мек Грегор во кариерата. Конор има добиено само една од последните четири битки во боречките вештини. Пред неколку години го нокаутира Порие, но тоа беше во перо категорија.

Старата форма на Мек Грегор ја нема и оваа битка ќе ја одреди неговата кариера. Пред нас е важен и клучен судир.

Ова е официјалниот трејлер за битката, како и досегашната борбена карта:

Дастин Пориер – Конор Мек Грегор
Таи Туиваса – Грег Харди
Жилберт Барнс – Стивен Томпсон
Ирине Алдана – Јана Куницкаја
Шон Омали – Луис Смолка
Нико Прајс – Мишел Переира
Кевин Ли – Шон Брејди
Омари Ахмедов – Бред Таварес
Жалгас Жумагулов  – Џером Ривера
Ален Амедовски – Ху Јаозонг
Џесика Ај – Џенифер Маја
Рајан Хол – Илија Топурија
Дрикус ду Плесис – Тревин Жиле
Карлос Кондит – Макс Грифин