Одложувањето на Олимписките игри во Токио е 2 милијарди долари, а кој ќе го покрие не се знае

100

Летните Олимписки Игри во Токио требаше да се одржат во август оваа година, но поради пандемијата со Ковид-19 истите беа одложени. Како што пренесуваат медиумите во Јапонија, тоа самото одложување на игрите чини 2 милијарди долари. Интересно е тоа што никој, Владата на Јапонија, потоа организацискиот комитет па и МОК не знае кој ќе ги плати овие 2 милијарди долари. Ама некој ќе мора. Допрва треба да има состанок меѓу трите страни за да се види како ќе се распредели финансискиот товар.

Инаку овие трошоци се направени за исплата на персоналот, потоа рефундација на билетите, потоа откажување на разни проекти и слично. Интересно е тоа што во оваа сума не се внесени парите кои се потрошени како мерка за ширење на коронавирусот.

Можеби затоа и МОК, но и Јапонија сакаат по секоја цена следното лето сепак да се одржат ЛОИ во Токио. Во спротивно ќе биде уште полошо.

Инаку како што се шпекулира во Јапонија, самите ЛОИ чинат дури 13 милијарди долари.