Одложен Европски куп за јуниори во самбо

154

Првиот голем настан во европскиот календар на самбото е одложен.

Станува збор за Европскиот куп во самбо и комбат самбо за јуниори, што требаше да се одржи во Букурешт, Романија. Настанот беше закажан 22-25 јануари, но сега ќе биде презакажан за следните месеци.

Одлуката на здравствените власти на Романија е диктирана од честите случаи на коронавирус и наметнатите ограничувања, кои го отежнуваат одржувањето на натпревари и доаѓањето на странски делегации.