Нуров ја предводи македонската репрезентација на Светскиот куп во Белград

470

Македонија ќе настапи со осум борачи на Светскиот поединечен куп во борење во Белград, Србија, од 12 до 18 декември.

За Македонија во слободен стил ќе настапат:
57 кг Минир Реџепи
65 кг Елмедин Сејфулаху
61 кг Владимир Егоров
79 кг Астрит Исмаили
86 кг Столе Ефтимов
92 кг Реџеп Хајдари
97 кг Могамедгаџи Нуров
125 кг Бобан Данов

Наш најголем адут за медал е освојувачот на бронзениот медал од Светското првенство Могамедгаџи Нуров. Во неговата категорија е најголемата ѕвезда на Купот, и воопшто најдобриот борач во светот, Абдулрашит Садулаев од Русија.

Секако, и Владимир Егоров може да се вмеша во борбата за медалите. Егоров е освојувач на бронзата од ЕП.

За младите борачи Светскиот куп е за собирање искуство.

Абдулрашид Садуалев – Тенкот е четирикратен светски шампион и носител на златен олимписки медал од Рио, ја предводи листата на поединечниот Светски куп (12-18 декември) на кој ќе учествуваат 505 борачи од 51 земја.

Садулаев е еден од 31-те светски медалисти – вклучително и пет светски шампиони од 2019 година – кои ќе се излезат на мегдан во Србија следната недела. Во слободен стил и грчко-римско има по 11 освојувачи на медали од Нур-Султан, додека женското борење дочекува 9 од последните светски шампионати.

Светски медалист со стил
Слободен стил: 3 златни, 2 сребрени и 6 бронзени = 11
Грчко-римски: 1 злато, 3 сребрени и 7 бронзени = 11
Борење за жени: 1 злато, 3 сребрени и 5 бронзени = 9

Да потсетиме, во овој период требаше да се одржи Светското првенство, но по отказите на велесилите САД, Јапонија и Куба поради пандемијата на Ковид-19, Обединетото светско борење донесе одлука да се преименува во поединечен Светски куп, затоа што откажаа три од 10-те најдобри нации во борењето.