Нунеш ќе брани една од титулите на УФЦ 265

108

Мега-судирот за титулата во перо категорија нè чека на лето. Шампионката Аманда Нунеш ќе се пресмета со Хулијана Пења на УФЦ 265 на 7 август.

Нуњез има скор од 21 победа и 4 порази во ММА. Таа победи на 17 натпревари пред последниот удар во гонг (13 со нокаут и 4 со завршница). Бразилката е доминантна во ММА. Таа има 12 последователни победи во УФЦ, од кои 8 завршија пред последната рунда. Нунеш ги држи женските титули во петел и перо категорија, а исто така води и на ранг-листата „паунд фор паунд“. На претпоследниот меч Нуњеш ја победи Фелисија Спенсер во главната бпрба на УФЦ 250 на почетокот на јуни 2020 година. Со таа победа влезе во историјата како првиот борец на УФЦ кој директно ги одбрани двете титули. Претходно, Нунеш забележа две шампионски победи во петел категорија. Кога последен пат влезе во октагонот, во март 2021 година, Нуњеш ја победи Меган Андерсон во првата рунда на главниот судир на УФЦ 259.

Пења, пак, има 10 победи и 4 порази во ММА. Таа победи на 7 меча со прекин (3 со нокаут и 4 со завршница). Во последната броба 31-годишната воинка ја победи Сара Мекман со завршница во третата рунда на УФЦ 257 на 23 јануари оваа година. Венецуелката, која ги претставува САД, е на 5-то место во петел категорија. Таа има 6 победи и само два порази откако е дел од УФЦ.