Нов успех на самбо репрезентацијата – пет медали на Европското првенство во кураш (ФОТО)

488

Самбо репрезентацијата со нови успеси на Европското првенство во кураш во Аминдео, Грција, освои 5 медали – 1 злато, 1 сребрен и 3 бронзени.  

Медалите ги освоија:

100 кг Семир Авдиќ – сребрен – сениори

60 кг Петар Пертов – бронзен – кадети

90 кг Албер Реџиќ – бронза – сениори

+100 кг Ернес Реџиќ – злато јуниори, бронза сениори

На ЕП настапија натпреварувачи од 20 држави.

Да потсетиме дека на неодмана завршеното Светско првенство за сениори во Ташкент-Узбекистан, Далибор Богдановц го освои петтото место. Беше многу близу до освојување на бронзениот медал.

Селекторот Ердал Факиќ е задоволен од постигнатото и во иднина очекува поголеми успеси.