Ник Дијаз се враќа во почетокот на 2021 година

96

Поранешниот предизвикувач за титулата во полусредна категорија Ник Дијаз планира да се врати во кафезот. 37-годишниот ветеран неодамна се стави на диета, за да види како ќе се справи со слабеењето. Ариел Хелвани контактираше со неговиот менаџер Кевин Мобенга кој потврди дека Ник 100 отсто планира да се врати во спортот.

Ник сака ова да се случи на почетокот на 2021 година. Во моментов тежи меѓу 75 и 80 килограми. Дијаз цели кон големи борби во полусредна категорија. Искусниот ветеран има скор 26-9-2 во ММА и е во серија од два последователни порази. Не се борел пет години,а загуби од Андерсон Силва во неговата последна борба, но двајцата паднаа на допинг тест и победата беше поништена.

Последната победа на Ник во ММА беше во октомври 2011 година со одлука на судиите над Б.J. Пен. Кон крајот на минатата година, Ник изјави дека е подготвен да се бори со Хорхе Масвидал за да му се реваншира за победата над неговиот брат Нејт Дијаз. УФЦ планира борба меѓу Масвидал и Нејт на крајот на годината и очигледно Ник ќе мора да бара друг противник.

https://www.instagram.com/p/CE0dFoNp3qz/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CE0Z45rJY8P/?utm_source=ig_embed