Нгану со мерка му одоговори на Фјури

282

Светскиот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану кратко и јасно му одговори на Тајсон Фјури. Носителот на појасот ВБЦ во боксерскиот ринг објави дека нема проблем да се справи со новиот господар на октагонот, повикувајќи го да стави ракавици за да му покаже каква е разликата помеѓу двата спорта. Во серија кратки видеа, „Кралот на Ромите“ рече дека нема да има проблем со „Предаторот“, по што го „разоткри“ Ентони Џошуа.

„Прво ќе се погрижам за Џон Џонс, па ќе тргнам по Тајсон Фјури“, беше краткиот, но многу јасен одговор од Камерунецот. Самиот Џонс го ослободи појасот во полутешка категорија на УФЦ за да се премести во најтешката категроија и таму да бара титула. Тој и Нгану долго време имаа сметки за расчитување, долго време бараат начин да се спротивстават.

Засега, се чини дека Предаторот не планира да се бори против Џонс, бидејќи ќе треба да ја брани титулата против Дерик Луис. Во 2018 година, Американецот изненадувачки победи, а сега Нгану ќе сака да покаже дека неговиот пораз беше случајност.