Нгану: Немам трпение за борба со Џон Џонс

173

Фрeнсис Нгану е претендент за титулата во тешка категорија и ја чека својата шанса против Стипе Миочиќ. УФЦ планира по втор пат да ги спротистави во април. Плановите на организацијата се победникот на овој реванш да се сретне со Џон Џонс во неговата деби битка во тешка категорија.

Во последниве години, Нгану забележа четири последователни победи со нокаут во првата рунда. Овие мечеви завршија за помалку од 2 минути. Френсис верува дека тој е променет борец и дека може да му врати на Миочиќ за поразот.

Нивната прва борба беше на почетокот на 2018 година, при што Стипе успеа да доминира и да ја однесе победата со одлука на судиите. Миочиќ направи трилогија со Даниел Кормиер и му нанесе голема штета, а Нгану е свеж.

„Предаторот“ не е задоволен што толку долго е некативен, а зборуваше и за „Коски“.

„Очигледно, битката меѓу мене и Џонс е нешто што луѓето сакаат да го видат. Ако зависи од мене, тогаш би ја посакал оваа борба. Сакам да се случи тоа. Ќе бев активен во кафезот, ако се борев. Џон Џонс е веројатно број 1 во историјата и е број 1 во моментот.

Мојата главна цел е да бидам активен во кафезот. Во моментов не знам кој сум и каде сум. Да се ​​очекува голема битка е добра работа. Ова е нешто што едвај го чекам. Мислам дека битката меѓу мене и Џон е добра. Се здебелил и изгледа голем и силен.

Џонс има вештини што можат да се споредат со мојата сила. Ќе биде поинаку. Не сум загрижен дали Џонс ќе ми го земе местото“, рече Нгану.