Неверојатно: 800 гледачи гледаа бокс за време на падемијата на коронавирус во Никарагва! (ВИДЕО)

292

Додека пандемијата со коронавирус стави кочница на воланот на спортовите во целиот свет, во Никарагва се одржа боксерска гала вечер со 8 натпревари. Притоа во салата присуствуваше и публика – 800 гледачи!

Наспроти позадината на светската ситуација, ова изгледа скоро неверојатно! Всушност, во Никарагва има 12 лица заболени со на коронавирус. Но, тоа не ги спречи организаторите. Тие, пак, презедоа мерки за дезинфекција на салата и … на самите боксери. Пред да влезат во рингот, секој од боксерите минуваше низ контролен пункт за температура. А после тоа буквално беше испрскан со средства за дезинфекција меѓу јажињата. Боксерите не можат да носат маски за време на натпреварите, па организаторите решија да не ризикуваат.

Што се однесува до гледачите, тие беа на оддалеченост од еден метар во салата со капацитет од 8097 луѓе. Секој од 800 присутни, вклучувајќи ги и децата, беа подложени на постапка за мерење на температурата и потоа беа испрскани со средства за дезинфекција.

„Никарагва е сиромашна земја. И боксерите треба да јадат. Не можеме да ги заклучиме во нивните куќи. И тука нема карантин “, рече боксерскиот промотор Рикардо Алварез.