Нешто што е далеку од спортот: Борачот на Бучим Арон Николов нападнат во Скопје од борачи и избоден во ногата

6085

Вчера на на Меѓународниот турнир во борење „8 Септември“ во Скопје се случи немил настан што нема ништо заедничко со спортот, имено нападнат е борачот на БК Бучим Арон Николов од неколку борачи од скопските клубови и избоден но ногата.

Тоа се случило на трибините во салата во скопската населба Радишани.

Потоа Николов е пренесен во Болница и шиен, известуваат од Бучим и велат дека се згрозени од она што се случи вчера. Очекуваат брза реакција од Федерацијата и надлежните органи, бидејќи случајот е пријавен во МВР.

„На 12.09.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, В.С.(38) од Радовиш пријавил дека околу 16.00 часот во спортска сала во населба Радишани во Скопје, по претходно нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе малолетници, неговиот малолетен внук бил физички нападнат од неколу лица, при што еден од нив му нанел повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во дневниот билтен на МВР.

Потоа дополнително не известија дека еден од учесниците во инцидентот денеска попладне е приведен.

Од Боречката федерација на РС Македонија ги чекаат извештаиите на полицијата и документирањето на изјавите на одчевидците на немилиот настан, за да заседава Дисциплинската комисија. Очекуваат тоа да се случи во најбрзо време.