Немков продолжува со доминацијата, Андерсон за 51 секунда го совлада Бадер (ВИДЕО)

144

Вадим Немков ја продолжува доминацијата во Белатор, убедливо стигна до својата седма победа.

Рускиот ММА борец со атрактивен потег во полуфиналето на турнирот во полутешка категорија го победи Јулиус Англикас во главната борба на настанот Белатор 268 во Феникс.

Бранителот на титулата го совлада противникот во четвртата минута со гушење (кимура), кој скокна како замена за Ентони Рамбле Џонсон.

На почетокот на мечот Англикас за малку ќе го шокираше Немков со еден удар, но Русинот успеа да се соземе и не дозволи повеќе изненадувања. Тој доминираше за време на борбата и ја заврши работата во четвртата рунда.

Во второто полуфинале, Кори Андерсон го совлада Рајан Бадер со прекин за 51 секунда.

Американскиот борец ја искористи непромисленоста на сонародникот и со силен удар го удри зад увото, а борбата ја заврши со серија удари.

Ова беше негова трета во низа нокаут победи на Белатор, откако од минатата година пристигна од УФЦ.

Резултати – Белатор 268:
Вадим Немков – Јулиус Англикас – завршница (кимура), Р4 (4:25)
Кори Андерсон – Рајан Бадер – ТКО (удари), Р1 (0:51)
Брент Примус – Бенсон Хендерсон-едногласна одлука (29-28, 30-27, 30-27)
Хенри Коралес – Владислав Парубченко-едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Воведни борби:
Карл Албректсон – Довлеџан Јагшимурадов-едногл. одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Мухамед Берхамов – Џeаил Вилис – техничка завршница (гилотина), Р1(4:05)
Ник Браун – Боби Ли – завршница (хил хук – Р1 (1:38)
Хавиер Торес – Грегори Милијард – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Сумико Инаба – Ранди Филд – завр. (давење рачен триаголник), Р2 (2:02)
Ленс Гибсон Јуниор – Рејмонд Пина – ТКО (удари), Р2 (1:44)
Ayејлон Бејтс – Рафаел Монтини – завршница (лост), Р1 (3:49)
Саливан Кали – Деон Клеш – ТКО (лакти и удари), Р1 (4:59)
Марија Хендерсон – Колет Сантијаго – завршница (душење од позади), Р1 (0:40)