Нејман Грејси со завршица го прати Џон Фич во пензија (ВИДЕО)

54

Мечот на поранешните претенденти за титулата во полусредна категорија на Белатор Нејман Грејси и Џон Фич му припадна на Грејси.

Тие се бореа во главната борба на Белатор 246 а на Грејси му требаа две рунди за да го заврши Фич.

На почетокот на борбата не брзаа со нападите и ја одложија битката во пратер. Грејси се обиде да го победи Фич, но не успеа. Во пратер Грејси прави нов обид за завршница што го заплашува Џон, но го преживеа нападот.

Во втората рунда Грејси зададе добар директ, а Фич ја испроба гилотината, но тоа не успеа против член на семејството Грејси. Си разменија по еден удар и Нејман се потпре неговиот граплинг, по што продолжија на партер. Грејси се обидува со завршница, но не успева. Нов обид за завршница од Грејси и Фич се предава, откако Нејман направи клуч нанеговата нога. Така, борбата заврши на крајот на втората рунда со победа на Грејси.

По мечот, Фич ги соблече ракавиците и ги остави во центарот на кафезот, што покажа дека се повлекува од ММА. 42-годишниот ветеран ги заврши борбите со пораз, што ја прекина неговата серија од пет последователни победи. Џон се пензионира со скор 32-8-2 (1) во ММА. Фич е поранешен шампион на ВСОФ, поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ и на Белатор. Грејси се врати на победите и неговите статистика е 10-11 во ММА.

Белатор 246 – Резултати:
Хуан Аркулета – Патрик Микс со едногласна одлука (49-46, 48-47, 48-47)
Неиман Грејси – Џон Фич со завршница 2, 4:47
Лиз Кармуш – ДеАна Бенет со завршница 3, 3:17
Кеони Дигс  – Дерек Кампос со завршница 3, 4:59

Даниел Мадрид  – Пат Кејси со поделена одлука (30-27, 28-29, 29-28).
Тај Гвердер – Џорџ Токос со ТКО 3, 1:05
Давион Френклин – Рас Хилтон со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

View this post on Instagram

Mean heel hook by @neimangracie! #Bellator246

A post shared by Bellator MMA (@bellatormma) on