Насер Харуни: Верувам во Ардијан дека ќе освои медал на Европското првенство

291

Ардијан Аземи денеска извојува убедлива победа на Европското првенство за јуниори (17 и 18 години) во Будва, Црна Гора, над полскиот боксер Јакуб Сарзевски.

Така Аземи се пласира во четвртфиналето, а тоа е борба за полуфиналето и најмалку бронзен медал на Европскиот шампионат, Ардијан за противник ќе го има хрватскиот боксер Дује Гаќина, како што не поправи тренерот Насер Харуни.

Пред одлучувачката борба со Дује, тренерот на репрезентацијата е оптимист дека Аземи може да освои медал на Европското првенство, но и прави осврт на осминафиналната борба.

„Имавме цврст и искусен противник, актуелен првак на Полска. Добар меч! Сега не очекува репрезентативецот на Хрватска, Дује Гаќина, а тоа е борба за за полуфинале и освојување медал“, вели Харуни и нагласува: „Мислам и верувам во Ардијан дека ќе освоиме медал од ова Европско првенство“.

Европско првенство 2020 – Распоред:

75 кг Ајхан Озмен – Сантијаго Селимај (Албанија) 15 ноември

Победникот во четвртфиналето ќе се бори со Светослав Воскресенски од Молдавија на 18 ноември.

64 кг Илхан Озмен – Каталин Винсентиу (Романија)/Вхаг Галустјан (Ерменија) 1/8 финале 16 номеври

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

Победникот во четвртфиналето ќе се бори со Дује Гацина од Хрватска на 17 ноември.

Боксерите ги предводат тренерите Насер Харуни и Васко Цубалевски.

На ЕП настапуваат 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 држави.

Ipon.mk