Надежта за медал е во Емил Павлов по поразите на последните тројца каратисти од Македонија на Премиер лигата

334

Единстевната надеж за медал на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, ни останува Емил Павлов откако во поладневниот дел на натпреварите Жарко Арсовски, Ангела Мојсовска и Моника Стефановска беа поразени во првите настапи. Стефановска стигна и до репасаж, но ја изгуби и таа борба.

Во Истанбул настапуваат 618 натпреварувачи од 69 држави, односно 280 клуба, а Македонија ќе ја претставуваат 16 каратисти.

Резултати:

+ 84 кг
Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Коста Рика) 0-1

-68 кг
Ангела Мојсовска – Алиса Бушингер (Австрија) 3-10

Моника Стефановска – Силвија Семераро (Италија) 0-8
Репасаж
Моника Стефановска – Несрин Бужрин (Белгија) 1-4

Ipon.mk