На Европското првенство во борење за кадети ништо ново

368

И денеска Европското првенство за кадети во Самоков, Бугарија, резултатски не е интерсно за нас бидејќи нашите борачи се поразени во првите средби.

Омер Јусуфи, Арбен Сејди и Кристијан Славески беа немоќни пред противниците. Славески има релани шанси за репасаж, затоа што Духаев е во полуфиналето.

На ЕП преостанува настапот уште на Марија Спирковска и Марија Неделковска. Тие треба да се борат утре.

На ЕП учествуваат борачи од 34 земји.

Резултати:

51 кг Омер Јусуфи – Флоријан Рихтер (Германија) 4-11

55 кг Арон Николов – Игор Кравчински (Полска) 10-0

Арон Николов – Субхан Сафалари (Азербејџан) 0-10

60 кг Арбен Сејди – Хенрик Аветисјан (Ерменија) 0-10

65 кг Харбин Ахмети – Вилијам Данис (Словачка) 7-2

Харбин Ахмети – Марсел Наџи (Унгарија) 1-12

71 кг Кристијан Славевски – Алу Духаев (Русија) 0-10

110 кг Теодор Георгиев – Ксацери Кацпер (Полска) 0-4

Жени

43 кг Марија Спирковска – Јелизавета Кулакивска (Украина)

57 кг Марија Неделкоска – Лота Ветенранта (Финска)