На 13-та средба ВадоДанДен 6 септември е прогласен за Светски ден на вадо рју

135

Вчера се одржа 13-тата средба на карате мајсторите под името ВадоДанДен.
На ова мајсторско дружење присуствуваа над дваесетина каратисти-мајстори. Настанот се оджа во истиот, прекрасен простор на Кајак клубот Ластовица во отворениот просто во Сарај-Скопје.

Му беше оддадено признание на домаќинот Јован Јакимовски, по повод над 50 годишното активно учество во карате структурите како и овозможувањето на одржувањето на оваа карате средба. Признанија и беа доделени на основачот на каратето во Крива Паланка, карате мајсторот Цане Станојковски, како и на други кои оставиле или оставаат свој печат во карате спортот.

Воедно, 6 септември е прогласен за Светски ден на вадо рју.

„Денот е одбран, бидејќи првиот ВадоДанДен беше организиран на 06 септември 2009 година“, вели организаторот на средбата Димче Јанковски од КК Аеродром и додава: „Целата средба протече во пријателска атмосфера со почитување на мерките“.