Најдоброто од УФЦ 257 на забавена снимка (ВИДЕО)

205

Минатиот викенд во Абу Даби на островот Јас се одржа големата гала вечер на УФЦ 257 на која се врати големата ѕвезда Конор Мек Грегор. Тој се бореше во лесна категорија со Дастин Пориер и загуби со нокаут во втората рунда.

Во коглавниот меч, поранешниот шампион во Белатор, Мајкл Чендлер го победи Ден Хукер нокаутирајќи го во првата рунда. Настанот е еден од најпродаваните во историјата на УФЦ.

Четири од борбите од главната борбена карта завршија со нокаут.

Ова се неколку од најдобрите моменти на настанот, но овој пат во забавена снимка:

Главна програма – УФЦ 257:
Дастин Пориер го победи Конор Мек Грегор – нокаут,Р2
Мајкл Чендлер го победи Дан Хукер – технички со нокаут, Р1
Џоан Калдервуд ја победи Џесика Ај – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Махмуд Мурадов го победи Ендру Санчез – технички нокаут, Р3
Марина Родригез ја победи Аманда Рибас – технички нокаут, Р2

Воведни борби:
Арман Царукијан го победи Мет Фревол – едногласна судиска одлука
Бред Таварес го совлада Антонио Карлос Жуниор – едногласна одлука
Хулијана Пења ја победи Сара Мекман – ЗАВР (Р3 3:39)
Марсин Прачнио го победи Халил Раунтри Јуниор – едногласна одлука
Мовсар Евлоев го победи Ник Ленц – поделена одлука
Амир Албази го совлада Жалгас Жумагулов – едногласна одлука