Му го одзедоа појасoт на Хантер за неактивност во време на Ковид-19

78

Светската боксерска асоцијација (ВБА) шокираше со својата одлука да ја ослободи титулата во меѓуконтиненталната тешка категорија.

Организацијата уште еднаш покажа несоодветност во своите одлуки откако му ја одзеде титулата на Мајкл Хантер, затоа што не ја бранеше шест месеци. Сето ова се случува 8 месеци по почетокот на најголемата пандемија во последните 100 години од историјата на човештвото.

Хантер во моментов е на десетото место на ВБА ранг-листата во најтешката категорија.

Нема доследност во одлуките на организацијата, бидејќи многу од другите боксери во топ 10 не се бореа ниту оваа година.

Американецот се пожали и покажа незадоволство од изгубениот појас без борба. Според него, тој наскоро ќе отстапи на ранг-листата.