МТФ: Дејан Георгиевски имаше велелепен пречек од нашиот народ, а Македонија голем од врвен спортски успех (ФОТО)

365

Македонската таеквондо федерација се заблагодарува за сите емоции и за големата поддршка изразерни на вчерашниот пречек на олимпискиот видешампион Дејан Георгиевски на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

„Нашиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски имаше велелепен пречек од нашиот народ. Македонија имаше голема потреба од ваков врвен спортски успех. Многу емоции, топли прегратки, многу искрени чувства и безброј фотографирања“, пишува на Фејсбук страницата и МТФ и додаваат:

„Дејан и стручниот тим на неколку наврати истакнаа дека ова е успех на сите во Македонија. Срдечно Ви благодариме за невидената поддршка која што ни ја давате, во Париз на ЛОО одиме по сигурно злато! Уште еднаш ви благодариме за сите емоции и за големата поддршка“!

Од Македонската таеквондо федерација велат дека ќе продлжат со работа во уште позасилено темпо.

„Нашиот мотив сте ни сите вие! Продолжуваме“!