ММА борец му се нафрли на судијата (ВИДЕО)

88

Љубителите на ММА беа сведоци на грдите сцени на галавечерта во ОАЕ вориорс 12, што се случија пред неколку часа во Абу Даби.

Во битката во перо категорија локалниот борец Ахмад Ал Дармаки се сретна со Богдан Кириленко. Судија на мечот беше искусниот ветеран Марк Годард. Во битката Дармаки искористи зафат за предавање на Кириленко, кој се предаде, но Ахмад се уште го држеше во стилот на Русимар Палхарес.

На Годард не му се допадна ова и интервенираше да ги раздели. Марк не беше задоволен од оваа постапка, а Дармаки почна да го турка и го зграпчи за маицата. Така судијата реши да го дисквалификува Дармаки, кој веќе има статистика од 2-6 во ММА.