ММА борци го поддржуваат убиецот на наставникот во Франција

357

Чеченските ММА борци Алберт Дураев и Зелим Имадаев застанаа во одбрана на 18-годишниот Русин со чеченско потекло Абдулах Анзоров, кој пред неколку дена обезглави наставник во Франција.

Причината за убиството било таа што предметниот учител им покажувал на своите студенти карикатури на пророкот Мухамед. Анзоров објави фотографија од мртвото тело на Твитер и призна дека го извршил убиството.

Подоцна бил застрелан од полицијата. Имадаев, кој е борец на УФЦ, на својот профил изјави дека Анзоров е херој на исламот. Дураев се потсмеваше на слободата на говорот во Франција. Нивните објави не останаа незабележани и двајцата ги избришаа. Зелим има учинок од 8-3 во ММА и е во серија од три последователни порази во УФЦ. Минатиот месец загуби од Мишел Переира.

По оваа акција, тој најверојатно ќе биде ослободен од УФЦ. Додека Дураев е поранешен двоен шампион на АЦБ и неодамна изјави дека потпишал со Али Абделазиз и очекува договор со УФЦ. Може да се збогува и со шансата во најголемата ММА организација, бидејќи Дана Вајт не толерира такви работи. Рамзан Кадиров, претседателот на Чеченија, се огради од постапката на Анзоров и рече дека убијците немаат националност.

https://www.instagram.com/p/CGh8U2MiVeh/?utm_source=ig_embed

.