Митровски: Викторија можеше да прикаже многу подобра борба доколку кондиционо беше поподготвена

2836

Тренерот на Вардинова, Дејан Митровски –Урко вели дека Викторија можела да прикаже и подобра борба со Наџа Милјанчевиќ на Купот на нациите во Нови Сад, доколку кодициона била поподготвена.

Вардинова се бореше со Наџа Милајнчевиќ во К1 до 58 килограми на „Купот на нации“ во Нови Сад, Србија, и загуби со прекин во третата рунда.

„Викторија, според мене, сега откако заврши мечот, имајќи ги предвид нејзините прилики, можеше да прикаже многу подобра борба доколку кондиционо беше поподготвена. За првпат работи меч 3х3. На тренинзите секогаш тоа е различно од вистинката борба. Секако, овде игра улога и исцрпеноста од симнувањето на килажата. Битно е дека таа нема повреда. Добро е, има желба за реванш и за понапорни тренинзи“, рече Митровски.

Ipon.mk