Еден од нашите најдобри кикбоксери Бобан Илиоски на 5 март ќе ги одмери силите со Србинот Никола Тодоровиќ на Арена фрајдеј најт кикбоксинг фајтс настанот во Белград.
Тренерот на Илисоки Дејан Митровски-Урко за борбата вели:
„Од ВАКО ПРО организацијата официјално беше понудено борба за Боби Илиоски, кој за ВАКО ПРО важи за атрактивен борец и омилен кај популацијата од спортов. Боби се изложи на голем напор во подготовките за оваа битка, бидејки борбата му беше понудена на 80 кг, која ја прифативме. Последен настап на Боби му беше на нашето Државно првенство каде излезе во категоријата -86 кг во К1. Боби е подготвен за борбава, ќе биде точен на мерењето, со Господ напред, одиме на победа“.