Миочиќ по тешкиот нокаут пренесен во болница

192

Стипе Миочиќ ја пропушти прес-конференцијата по тешкиот пораз против Френсис Нгану. Камерунскиот борец со нокаут го победи Миочиќ во втората рунда на УФЦ 260 и ја освои титулата во тешка категорија на УФЦ.

Стипе доби силен удар на почетокот од втората рунда, а потоа лошо процени и налета на Нагану со спуштени раце.

Камерунецот со нов удар го испрати Стипе на подот и ја доврши работата со удар.

„Нема да го имаме Стипе Миочиќ на прес-конференцијата, бидејќи тој беше пренесен во болница за ЦТ скен на главата“, се вели во соопштението на УФЦ.

Со тоа Миочиќ по втор пат ја загуби титулата во тешка категорија и не е познато дали, како против Даниел Кормиер, УФЦ веднаш ќе му понуди реванш.

Најсилната ММА организација веројатно ќе се обиде да договори Френсис Нгану да се бори против Џон Џонс или Дерик Луис.