Миочиќ: Не знам што сакаат од мене. Нека престанат да лелекаат

84

Стипе Миочиќ им одговори на критичарите.

Некои, вклучувајќи го и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неговиот следен противник Даниел Кормиер, како и некои други соборци, сметаат дека шампионот во тешка категорија премногу одолговлекува со враќањето на борилиштето.

„Пожарникарот“ не се борел уште од минатото лето кога со нокаут против Кормиер стана шампион во тешка категорија.

По мечот се повлече се опоравуваше од повредата на окото, а во времето на карантинот во САД поради коронавирусот, вели дека не можел да тренира.

„Јас навистина не знам што сакаат луѓето од мене“, рече за ММА Фајтинг.

„Сите велат дека ја кочам категоријата. Како ја кочам таа категорија? Други момци велат дека можат да тренирам. Тоа е добро за нив. Тие живеат во друга држава, имаат различни регулативи“.

„Не се шегувам, мојот тренер ја затвори својата салата. Не примаше никого, никој не можеше ни да плати, затоа што тоа не би било фер кон другите. Имаа еден куп работи пред салата и пет или шест од нив се справија заедно и некој ги пријави дека не се оддалечени два метри и доби казна, Толку се строги. Па така, сите може да замолчат затоа што се идиоти“.

41-годишниот Кормиер планира да ја заврши кариерата со трилогија против Миочиќ. Неодамна му даде совет за тоа како може да тренира во неговиот дом.

„Не ми е грижа. Навистина не ми е грижа за неговото мислење. Никогаш не ми било грижа за неговото мислење. Ќе каже нешто и тогаш самиот си противрече“.

„Очигледно, јас не сум шампион. Тој одлучува како што сака. Сите други зборуваат. Велат ослободи ја или брани ја титулата. Не можам да ги израдувам сите, во овој момент дури и не ми е гајле. Нека престанат да лелекаат“.

Му одговори и на Картис Блејдс кој вели дека луѓето не му веруваат кога кажува дека не може да тренира.

„Не ми е грижа што мисли. Што треба да правам? Среде пандемија сме. Дури и да не работев во првата линија и понатаму не би можел да тренирам, па затоа нека замолчи. Престанете да лелекате “

„Слушајте, штом можам да се борам, ќе се борам. Нема прашања. Разговараме со УФЦ и ќе договориме добар датум. Се обидувам да се вратам што е можно поскоро. Сакам да се борам. Но, јас не одам на три рунди, туку на пет за титулата во тешка категорија. Се борам со навистина добар борец и сакам да се уверам дека сум подготвен “.