Милица Мандиќ од Србија втор пат олимписки шампион

194

По вчерашното историско злато во таеквондо на Матеа Јелиќ во таеквондо и Србија денеска го освои најсјајното одличје, прво на овие ЛОИ за северниот сосед, во ова натпреварување откако Милица Мандиќ ја победи Дабин Ли со 10-6 во финалето во најтешката категорија.

За Мандиќ ова е второ олимписко злато, после историското прво во Лондон во 2012 година, па сега го повторува успехот за прво злато на Србија на овие Игри.

Мандиќ беше една од идолите на Хрватката Јелиќ, која пред неколку години се сликала со лондонското злато и го шетала низ Белград, па 23-годишната хрватска таеквондистка вчера стигна до свое злато. Мандиќ, пак, која ја одложи пензијата за да настапи на овие ЛОИ, сега го освоијува второто.