Мек Грегор му вети Мајк Тајсон дека ќе го победи Мејведер

151

Легендарниот Мајк Тајсон го пофали Конор Мек Грегор за неговиот прв меч во боксот. Пред неколку години, Мек Грегор го направи професионално деби и се бореше со легендата Флојд Мејведер. Борбата беше за големи пари, при што Конор беше голем аутсајдер, сепак, шокираше многу луѓе со настапот.

Мек Грегор издржа 10 рунди со непоразената легенда, но на крајот загуби со технички нокаут. „Железниот Мајк“ верува дека за Мек Грегор има место во боксот од она што го видел во борбата со Мејведер. Овие изјави од голем шампион како Тајсон го израдуваа Мек Грегор и побрза да одговори на социјалните медиуми. Конор верува дека реваншот со Мејведер е неизбежен и вети дека ќе победи.

„Ви благодарам Мајк. Само знам дека во тој неизбежен реванш со знаењето што сега го имам за стилот на Флојд, ќе можам да ја решам таа загатка и да го победам. Се обложувам во мојот живот на тоа. Прекрасно е повторно да го видам Железниот Мајк“, напиша Конор.