Мек Грегор и Пориер се соочија пред УФЦ 257 (ВИДЕО)

173

Поранешните шампиони Конор Мек Грегор и Дастин Пориер прв пат се соочија пред нивната борба. Ова се случи на прес-конференција одржана пред неколку часа во Абу Даби. Тие ќе се борат на УФЦ 257, што ќе се одржи викендов на островот Јас.

Покрај нив, на прес-конференцијата беа и Дан Хукер и Мајкл Чендлер, кои ќе бидат во подглавната борба за вечерта. Изненадувачки, Конор беше многу скромен и покажа почит кон Пориее, како и спрема другите двајца колеги во лесна категорија.

Мек Грегор рече оти е уверен во својата подготвеност и планира да го искористи целокупниот арсенал. „Озлогласениот“ откри дека можеби станал многу богат, но сепак планира да се бори многу години.

Тој сака да им донесе неверојатни победи на навивачите за да ги гледаат на старост со неговиот син. Пориер е исто така самоуверен и рече дека сака да победи, затоа што тоа ќе му го промени животот.

Дастин откри и дека Мек Грегор го исполнил ветувањето и веќе ја пренел донацијата што ја ветил во неговата добротворна фондација.

Со нетрпение очекуваме да видиме …