Мек Грегор јаде мртви пчели (ВИДЕО)

124

На многу приврзаници на Конор Мек Грегор им се гади од најновото видео.

„Озлогласениот“ објави видео во кое чува тегла полна со мртви пчели и реши да го проба нивниот вкус. Поранешниот двоен шампион дури и на семејство му понуди од овој „деликатес“, но никој не сакаше да го проба. Конор беше предупреден да биде внимателен да нема оси, но тој беше категоирчен дека теглата е полна само со пчели.

Ирецот се врати во октагонот во јануари годинава и успеа за 40 секунди да го нокаутира Доналд Цероне. Оваа борба беше доволна за да влезе во првите 20 најплатени спортисти во годината. Мек Грегор го зазеде 16-то место на листата на Форбс со 48 милиони и беше единствениот ММА борец што најде на оваа ранг-листа. Не е познато кога ќе го видиме во акција, но Андерсон Силва и Камару Усман се подготвени да се борат против него.

Погледнете го видеото со кое големата ѕвезда им стана одвратен на некои негови обожаватели.