Меч за титулата како загревање за враќањето на Бадр Хари

97

Испразнетата титула во лесна категорија на Глори ќе биде потсавена на борбената карта на претстојниот настан на најелитната организација за кик бокс во Европа.

Мароканецот Тужани Безати и Американецот Елвис Гаши ќе се соочат на мечот за загревање од главната карта на Глори 78 на 17 јули.

Главниот меч на вечерта ќе биде судирот меѓу Бадр Хари и Аркадиуш Врожек.

Ова ќе биде втор обид и за Безати и за Гаши да ја освојат титулата во лесна категорија. Мароканецот не се избори во февруари 2020 година, кога го победи Мишел Паландре. Гаши, пак, не влегол во рингот од крајот на 2019 година, кога загуби од Марат Грегоријан.

Титулата во лесна категорија ја ослободи Грегоријан, кој во 2020 година потпиша договор со азискиот синџир ОНЕ ФЦ.