Мејведер против јутјубер

140

Флојд Мејведер договорил кам-бек во рингот, а ќе се бори против јутјуберот Логан Пол. Последната борба на Мејведер беше пред три години кога го победи ММА борецот Конор Мек Грегор.

Пол и Мејведер се „почестија“ со навреди во изминатите месеци на социјалните мрежи, па конечно успеаја да договорат борба. Специјалниот егзибициски меч ќе се одржи на 20 февруари. Инаку, Мејведер кариерата ја заврши со 50-0, додека Пол на платформата ЈуТјуб има дури 22 милиони претплатници.