Мејведер: Мек Грегор не сака реванш со мене

97

Флојд Мејведер продолжува да тренира во салата за време на пандемијата на коронавирус и се чини дека не го заборавил Конор Мек Грегор. Легендарниот бокс шампион, кој нема пораз во рингот, тренира напорно со своите тренери и го споменува името на неговиот поранешен ривал за време на тренинзите.

Флојд почна да ја удира боксерската крушка и рече дека Мек Грегор не сака тоа да се случи. Тие си ги одмерија силите неколку години, а Мејведер победи со нокаут.

Пред неколку месеци, Флојд непрестена да зборува за битка ММА борец и ги намерачи Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор. „Пари“ рече дека не дал се од себе во битката со Мек Грегор, затоа што немало да има реванш, ако лесно го победил. Плановите на Флојд да се врати во рингот во моментов се на чекање, но и покрај тоа ја одржува формата и може да ги изненади своите фанови.

Ова е видео од неговиот тренинг: